Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде алтернатива за Жиру.
Во летниот преоден рок беше доведен Лука Јовиќ на позајмица, но не ги оправдува очекувањата, па „росонерите“ сакаат да доведат врвен напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прво име на списокот е напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, кој во моментов е најдобар стрелец во Бундеслигата со 14 гола на 9 меча.
Според информациите на „Скај Германија“ тој во својот договор има откупна клазула од 17.5 милиони евра, која Милан е спремен да ја плати во јануари.
Самиот играч преферира трансфер на лето, а не на средина од сезоната, но Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе во јануари.
🔥 AC Milan are planning to pay the release clause of Stuttgart's 27-year-old striker Serhou Guirassy. 🇫🇷 🔴 #SempreMilan pic.twitter.com/61YlJ3Wnrh
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) November 7, 2023