Шпанскиот репрезентативец Сусо игра уште една фантастична сезона во дресот на Милан и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Сусо после десет одиграни кола оваа сезона има 4 гола и 7 асистенции, па единствено тој и Роналдо имаат директно учество во 11 гола оваа сезона во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена италијанските медиуми информираа дека за Сусо силен интерес покажуваат премиерлигашите Челзи, Ливерпул и Тотенхем, а сега во трката за потписот се вклучи и Реал Мадрид.
Флорентино Перез го сака 24-годишниот Шпанец уште во јануари, а тоа може да биде проблем за „росонерите“ бидејќу Сусо во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра.
Милан сака што побрзо да го продолжи договорот со играчот, така што ќе му даде повисока плата, но и ќе ја тргне откупната клаузула од договорот.