Дома Топ вести Милан тргнува по напаѓачот на Барселона

Милан тргнува по напаѓачот на Барселона

Милан е во потрага по нов напаѓач, а најновото име на списокот на Малдини е Феран Торес од Барселона.

Феран Торес во јануари пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 50 милиони евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и главно е на клупата за резерви и добива мала минутажа.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го доведе на „Сан Сиро“ бидејќи Феран Торес може да игра како централен напаѓач, но и како десно крило.

„Росонерите“ имаат одлични односи со Барселона и ќе се обидат уште во јануари да го донесат, а спремни се да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…