Дома Фудбал Лига на шампиони Милан не може да даде гол во Лигата на шампионите – постави негативен рекорд!

Милан не може да даде гол во Лигата на шампионите – постави негативен рекорд!

Екипата на Милан вчера претрпе убедлив пораз од Париз Сен Жермен во Лигата на шампионите, а со овој пораз тимот на Пиоли постави негативен рекорд бидејќи и после три кола немаат постигнат гол во Лигата на шампионите.

Сезоната во најелитното европско натпреварување, Милан ја отвори со реми без голови дома против Њукасл. Тоа беше натпревар во кој Милан може да жали што не постигна гол бидејќи ги надиграа Англичаните и создадоа многу повеќе прилики за гол. Во второто коло Милан одново одигра реми со истиот резултат против Борусија Дортмунд.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчера гостуваа во Парзи кај ПСЖ и се вратија со три гола во својата мрежа без да ја затресат противничката.

Ниту една италијанска екипа која некогаш играла во Лигата на шампионите немала толку лош напад да биде без гол по воведните три кола. Милан е првиот со ваква статистика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…