Дома Трансфер зона Милан не запира: По Мората се засилува со уште еден искусен напаѓач

Милан не запира: По Мората се засилува со уште еден искусен напаѓач

Tрансферот на Алваро Мората е договорен и се чека само официјалната потврда, а од редовите на Милан работат и на уште едно засилување во нападот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според последните информации на медиумите Никлас Фулкруг би можел да биде следен кој ќе го засили нападот на „росонерите“.

Фулкруг кој го носи дресот на Борусија Дортмјунд на Европското првенство го покажа својот квалитет, а неговиот договор со „милионерите“ му истекува јуни 2026 година. Сепак, Борусија веќе летово го доведе Гираси од Штутгарт, па би можела да даде зелено светло за заминување на Фулкруг.

Најавите се дека за 31-годишниот напаѓач, Милан би требало да издвои околу 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…