Милан е силно заинтересиран за чилеанскиот талент Дарио Осорио и почнал преговори за негов трансфер.
Осорио е крилен напаѓач и оваа сезона блеска во дресот на Универзитат де Чиле.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Има само 19 години и во својата прва сезона веќе постигна 7 гола на 20 меча во чилеанската лига, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Милан сака да ја победи конкурецијата и веќе започнал преговори, па сака да го комплетира трансферот до крајот на преодниот рок.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ за неговиот потпис ќе платат 5 милиони евра плус бонуси.