Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан испратил понуда за десниот бек на Манчестер Јунајтед, Диого Далот.
Далот пристигна на „Олд Трафорд“ од Порто пред две години, но не успеа да се наметне во првиот тим, па Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Росонерите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација бидејќи се во потрага по десен бек, па испратиле понуда за Португалецот.
Милан го сака Далот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето, но „црвените ѓаволи“ инсистираат да го продадат на перманентне основа.
Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат и не е исклучено Јунајтед да попушти и да прифати да го пушти играчот на позајмица.
AC Milan have asked for Diogo Dalot on loan with buy option. Manchester United want to sell him on a permanent deal – no agreement reached at the moment. ? @SkySport @DiMarzio #MUFC #ManUtd #ACMilan
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 28, 2020