Дома Трансфер зона Милан или Арсенал – одлуката паѓа следната недела!

Милан или Арсенал – одлуката паѓа следната недела!

Пред неколку дена стигна вест дека левиот бек на Шалке 04, Сеад Колашинац, потпишал преддоговор со Арсенал, но веста брзо беше демантирана.

Таткото на босанскиот репрезентативец изјави дека интерес за Колошинац покажува и Милан, па конечната одлука фудбалерот ќе ја донесе следната недела.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Вистината е дека нема ништо црно на бело потпишано. За мојот син има реален интерес и од страна на Милан, па конечната одлука ќе ја донесеме следната недела“, изјави таткото на играчот.

Договорот на Колошинац со Шалке истекува на крајот на сезоната, па Босанецот може да преговара со заинтересираните клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го плати 40 милиони евра, а заминува веќе во јанаури?

Манчестер Јунајтед летово потроши многу пари на засилувања, но резултатите на стартот од н…