Eкипата на Милан во минатиот викенд беше поразена од Наполи, а во следните десетина дена „росонерите“ ги чекаат уште три дерби средби.




Во овој период Милан два пати ќе игра со Челзи во рамките од Лигата на шампионите, додека во Серија А ќе го пречека големиот ривал Јувентус. Проблемот за Милан е што во овој период ќе бидат без нивниот голман Мајк Мањан.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Францускиот голман се повреди во настапот за селекцијата на Франција против Австрија и ќе му биде потребна рехабилитација од најмалку четири недели.




За овој натпревар Пиоли ќе смета на вториот голман Татарушану. Меѓутоа тука се уште повредите на Тео Ернандез и Сандро Тонали, може да се случи во овој важен период од сезоната Пиоли да биде без тројцата стандардни првотимци.



