Дома Трансфер зона Милан го сака талентот на Барселона

Милан го сака талентот на Барселона

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан покажува сериозен интерес за талентот на Барселона, Рики Пуиг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пуиг важи за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но не добива доволно минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината.

Барселона неодамна го продолжи договорот со Рики Пуиг на уште две години, но не затоа што сака да го задржи туку само за подобро да го продаде.

Имено, договорот на Пуиг истекуваше на крајот од сезоната и во таков случај клубот од неговото заминување во јануари ќе заработеше симболична сума. Затоа Барса со активирањето на клазулата автоматски му го продолжи договорот на Пуиг на уште две години.

На Барселона и се потребни финансиски средства и е спремна да го продаде на лето за 15 милиони евра, а Милан е спремен да ја искористи таквата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…