Дома Трансфер зона Милан го враќа Бакајоко во Челзи, веќе му најде замена

Милан го враќа Бакајоко во Челзи, веќе му најде замена

Играчот за врска Тиму Бакајоко на лето сигурно ќе се врати во Челзи, бидејќи Милан нема намера да го откупи неговиот договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бакајоко минатото лето пристигна во Милан на двегодишна позајмица, но не ги оправда очекувањата и воопшто не добива минутажа.

Милан веќе го известил неговиот агент дека за Французинот повеќе нема место во тимот, па на лето ќе се врати во Челзи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе нашол замена и започнал преговори со Лион за Максанс Какерет.

22-годишниот Французин игра одлична сезона во дресот на Лион, но на лето влегува во последната година од договорот и Милан е спремен да плати 15 милиони за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…