Дома Фудбал Италија Милан во проблеми: Пиоли за натпреварот против Фиорентина повика 15-годишно момче

Милан во проблеми: Пиоли за натпреварот против Фиорентина повика 15-годишно момче

Стратегот на Милан, Стефано Пиоли се соочува со многу проблеми откако за натпреварот од комбинација за настап отпадна и Ноа Окафор.

Милан не знае за победа на последните четири натпревари во Серија А, а Пиоли се надева дека против Фиорентина ќе биде ставен крај на таа црна серија. Меѓутоа пред овој натпревар се соочува со многу проблеми во ростерот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На листата повредени се приклучи и Ноа Окафор кој повредата ја заработи во настапот за Швајцарија. Жиру е суспендиран поради црвениот картон против Лече, Леао исто така е надвор од комбинација и единствениот напаѓач на кој Пиоли може да смета е „отпишаниот“ Лука Јовиќ.

Јовиќ нема ниту еден гол сезонава и упатил само два шута кон противничкиот гол, па поради тоа Пиоли во составот го повика и 15-годишниот Франческо Камарда.

Камарда во овој момент важи за еден од најголемите таленти во школата на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…