18-годишниот Лазар Самарџиќ е роден во Берлин, игра за Херта и важи за еден од најголемите таленти во Европа.
Скаутите на европските гиганти веќе подолго време ги следат настапите на Самарџиќ, а тренерот Лабадија му даде шанса да дебитира за првиот тим на Херта оваа сезона во Бундеслигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговиот потпис интерес покажуваат Барселона, Милан и Челзи, клубови кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Самарџиќ оваа сезона за младинскиот тим на Херта постигна 14 гола и запиша 10 асистенции, па привлече големо внимание на себе.
Тој игра на позиција офанзивен играч за врска и ги помина сите младински селекции на германската репрезентација, а има повик и од српската сениорска репрезентација.
Најконкретен интерес во моментов покажува Милан, кој веќе започнал преговори со Херта за трансфер на Самарџиќ.