еталург убедливо е поразен на средбата од второто коло на СЕХА-лигата против екипата на Мешков Брест. Загубивме со 41:29 (17:15) во натпревар со две дијаметрално различни полувремиња.
Металург во Брест допатува ослабен, без Филип Кузмановски и Мартин Велковски, со само 14 ракометари, а во првото полувреме дополнително остана и без Томи Јагуриновски, кој се повреди при еденконтранапад. Лимитираната клупа и стана главна причина за нашата различна игра во двете полувремиња.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во првиот дел Металурзите беа најмалку рамноправни, а на моменти и подобри од својот многу поискусен противник. Металург, чиј денешен состав во просек има 20 години, играше резултативно во нападот и сигурно во одбраната и му создаде многу проблеми на домашниот состав. Иако почетокот им припадна на ракометарите на Мешков, во средина од првото полувреме Металург направи комплетен пресврт и поведе со убедливи три гола разлика во 17. минута, 7:10. Сепак, ракометари на Металург не успеаа да ја валоризираат својата добра игра и по првите 30 минути противникот на одмор замина со предност од два гола 17:15.
Во второто полувреме видовме еден сосема друг Металург. Заморени, без соодветни замени, па ракометарите целосно им ја препуштија иницијативата на домашните играчи, а разликата постепено стигна и до двоцифрена вредност, 38:28, во 57. минута. Конечниот резултат е 41:29.
Мешков Брест – Металург 41:29 (17:15)
Мешков Брест: Јашчанка 1, Шкурински 8, Бачко 1, Мацкевич, Јуринок 1, Потеко 4, Ивиќ 1, Баранов 2, Разгор 2, Обрановиќ 3, Дарафеев, Корсак, Селвиасјук 3, Џукиќ 4, Џорџиќ 7 и Куран 4. Седмерци: 3/5. Исклучувања: 6 минути.
Металург: Томовски (4 одбрани + седмерец), Даниловски, Јагуриновски 1, Јагањац 6, Лазаревски 2, Димитриоски 4, Токиќ 4, Шилегов 4, Танкоски 2, Серафимов 2, Додиќ, Маџовски 2, Матијашиќ и Арсеновски 2. Седмерци: 3/5. Исклучувања: 2 минути.