Дома Фудбал Репрезентации Меси со хет-трик ја сруши Боливија 🎥

Меси со хет-трик ја сруши Боливија 🎥

Репрезентацијата на Аргентина изминатата ноќ на свој терен ја совлада Боливија со 3:0 во квалификациите за Светското првенство.

Аргентина во Буенос Аирес одигра одличен натпревар пред своите навивачите, а фантастичен беше Лионел Меси кој постигна хет-трик.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Домаќините поведоа уште во 14. минута кога Паредес го проигра Меси кој одлично помина покрај еден играч на Боливија и погоди за 1:0. Меси во центарот на вниманието беше и во 64. минута. Капитенот на Аргентина одигра одлична акција со Лаутаро излезе сам пред голмнанот на Боливија и без проблеми зголеми на 2:0.

Точка на овој натпревар се стави во 88. минута кога Меси го заокружи својот одличен натпревар. Овој пат се најде на вистинското место откако голманот на Боливија одби една топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Артета ќе се бори на нов фронт: Арсенал сака фудбалер на лондонски ривал

Арсенал ги контактирал претставниците на Еберечи Езе, 27-годишниот офанзивец на Кристал Па…