Дома Фудбал Репрезентации Меси со тешки обвинувања после поразот: Бразил е фаворизиран, управува со цел Конмебол!

Меси со тешки обвинувања после поразот: Бразил е фаворизиран, управува со цел Конмебол!

Лионел Меси доживеа уште од разочарување со репрезнетаицјата на Аргентина и остана без тофеј.

„Гаучосите“ беа поразени од Бразил во полуфиналеот на Копа Америка со 2:0, а Меси после натпреварот не го криеше незадоволството и испрати критики на сметкан судијата од Еквадор, Замбрано.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се надевам дека Конмебол ќе направи нешто, но искрено не верувам дека ќе има ништо затоаш то Бразил управува со се и ситуацијата е многу комплицирана. Во текот на целиот натпревар судијата го фаворизираше Бразил. Сите ситуации кои не беа „чисти“ ги досуди за нив, а потоа тука беа и пеналите над Агуеро и Отаменди“.

„Веројатно се уморија од досудување пенали во текот на целиот турнир и денес воопшто не одеа да го погледнат ВАР во очигледни ситуации. Бразил е домаќин и денес управува со Конмебол. Не го кажувам ова како оправдување бидејќи денес не одигравме лошо. Меѓутоа тоа е реалноста и морам да го кажам, не се почитува нашата работа“, изјави Меси кој потоа доби прашање за неговата иднина во репрезентацијата.

„Ќе помагам колку што можам, ќе играм и понатаму. Се чуствувам добро во оваа група на играчи“, одговори првата ѕвезда на Аргентина.

Ова издание на Копа Америка е деветто натпреварување на Меси репрезентацијата на кое ќе остане без трофеј. Нова шанса Меси ќе има за 12 месеци кога повторно ќе се игра Копа Америка, а на тој турнир Аргентина ќе биде домаќин заедно со Колумбија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…