Шпанската „Марка“ денес организираше церемонија на која ги доделуваше наградите за најдобрите од минатата сезона.
Најдобриот стрелец Лео Меси го доби трофејот „Пичичи“ трофеј кој го доби името по напаѓачот на Атлетик Билбао кој за овој клуб настапуваше минатиот век и на 89 натпревари постигна дури 83 погодоци. Почина на само 29 години, но неговото име стекна голема слава со овој престижен трофеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај тоа „Марка“ ја додели и наградата за најдобар фудбалер во сезоната, а оваа награда исто така ја освои Лионел Меси и покрај тоа што Реал Мадрид го освои првенство. Меси во минатата сезона постигна 37 погодоци и запиша девет асистенции, додека неговиот најголем ривал Роналдо застана на 25 голови и шест асистенции.
Интересно, трофејот за најдобар играч на Ла Лига го носи името на легендата на Реал, Алфердо Ди Стефано кој таму настапуваше 11 години и на 282 лигашки натпревари постигна 2016 голови.
Да потсетиме, идната сабота се игра големото „Ел Класико“ со почеток од 13:00 часот.
A brace for Leo Messi at the #PremiosMARCA2017!✌️
? Pichichi trophy (top scorer) in #LaLigaSantander 2016/17
? Alfredo Di Stefano trophy (best player) pic.twitter.com/yR8Hqd6S8r— LaLiga (@LaLigaEN) December 18, 2017