Дома Фудбал Репрезентации Меси постави нов рекорд во Јужна Америка

Меси постави нов рекорд во Јужна Америка

Лионел Меси стана првиот фудбалер од jужноамериканскиот континент кој постигнал најмалку 80 голови за неговата репрезентација.

Аргентинецот постигна гол во дуелот против Уругвај (3-0), а останатите два погодоци беа дело на Родриго Де Пол и Лаутаро Мартинез.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Одигравме одличен натпревар. Сѐ функционираше совршено. Уругвај ја чекаше својата шанса и тогаш се опасни, но откако го постигнавме првиот гол, веднаш стана полесно“, вели Меси.

Аргентина во 24 меча е без пораз, а благодарение на ремито на Бразил во Колумбија, се намали разликата зад најголемиот ривал на шест бодови во борбата за прво место во јужноамериканските квалификации за Светското првенство (СП) во Катар во 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона го продава дефанзивецот во Серија “А”

Барселона и Фиорентина се договориле за трансфер на 18-годишниот дефанзивец на каталонците…