Лионел Меси го постигна првиот гол оваа сезона во Лигата на Шампионите.
Аргентинецот во третата минута постигна гол за Барселона во победата од 2:1 против Славија Прага и со тоа постави неверојатен рекорд во најелитното натпреварување. Со овој гол Меси стана првиот фудбалер во историјата кој постигна еден или повеќе голови во 15 последователни сезони во Лигата на Шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот гол во Лигата на Шампионите Меси го постигна 2. ноември 2005. година против Панатинаикос, а против Славија го постигна 113. гол во 138. настап во Лигата на Шампионите и е втор најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување зад Роналдо (127).
Исто така, Меси до сега во пет сезони заврши како најдобар стрелец во Лигата на Шампионите. Славија беше 33. екипа против која Меси постигнал гол во Лигата на Шампионите, што го прави недопирлив.