Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Лионел Меси заедно со уште неколку фудбалери имале отворен разговор со Ернесто Валверде.
Барселона на „Камп Ноу“ ја пречека Селта, а гостите од Виго успеаа да се вратат со бод, натпреварот беше завршен со 2:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тимот на Барса за овој натпревар го немаше поранешниот фудбалер на Евертон и Севиља, Жерар Делфеу кој во Каталонија се врати минатото лето.
Шпанецот пристигна за да ја засили конкуренцијата во офанзивната, но може да се каже дека по враќањето тој не се снајде на „Ноу Камп“.
Делофеу е мета на критики посебно по ремито против Валенсија во 13 коло кога Валверде му даде шанса во вториот дел, но Шпанецот одигра лош натпревар, а потоа не покажа ништо ниту во куп натпреварот против Мурсија (5:0).
Сега се појави информација дека Валверде не го повикал во тимот бидејќи Лионел Меси заедно со уште неколку фудбалери му соопштиле дека не го посакуваат во тимот.