Дома Фудбал Меси го разгоре „огнот“ пред Ел Класико: Реал се затвора на Камп Ноу

Меси го разгоре „огнот“ пред Ел Класико: Реал се затвора на Камп Ноу

Капитенот на Барселона, Лионел Меси ја започна психолошката „војна“ на еден ден пред Ел Класико.

Меси истакна дека на Барселона и е полесно да победува на „Сантиаго Бернабеу“, бидејќи на нивниот стадион „кралевите“ играат дефанзивно.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


„Кога играме на „Бернабеу“, ние добиваме повеќе простор. Тие играат поотворено бидејќи имаат обврска да напаѓаат како домашен тим, а и нивните навивачи ги обврзуваат на тоа. Кога играат на „Камп Ноу“, се одлучуваат за друг пристап, играат затворено и чекаат поназад, користејќи ги контрите со нивните брзи играчи во нападот“, истакна Меси.

„На „Бернабеу“ се игра отворено сите 90 минути и затоа ние добиваме повеќе простор за развивање на акциите. Кога играме тука, мора многу напорно да работиме за да најдеме простор и доста е покомплицирано“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сагата продолжува: Мбапе спреми тужба за ПСЖ

Килијан Мбапе ова лето како слободен агент го напушти ПСЖ, но очигледно се уште има нерасч…