Дома Фудбал Меси: Го почитувам Роналдо, фантастичен е!

Меси: Го почитувам Роналдо, фантастичен е!

Ѕвездата на Барселона даде опирно интервју за „Coach Magazine“ во кое зборуваше за многу интересни теми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покрај потврдата дека ќе остане во Барса, Меси истакна дека во кариерата најмногу му помогнал Цеск Фабрегас, а дека покрај Марадона, најмногу сакал да го гледа Пабло Аимар.

„Често ги користев неговите потези, уживав кога го гледав“.

Меси проговори и за големото ривалство со Кристиано Роналдо.

„Мојата мотивација произлегува од тоа што сакам да постигнам што е можно подобри резултати со Барселона и Аргентина, а не да бидам подобар од него. Кристиано е фантастичен фудбалер и сѐ постигнал со напорна работа. Успеал бидејќи е таква личност. Го почитувам и убеден сум дека и тој ме почитува мене“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез: Сaкам да го остварам својот сон. Трансферот е најдобрата опција за сите

АРГЕНТИНСКИОТ напаѓач Хулијан Алварез изјави дека ова лето сака да го напушти Атлетико Мад…