По речиси два месеци пауза, Лигата на Шампионите конечно се враќа, а уште од првиот натпревар ни донесе големи битки
Во вторник ќе се сретнат Јувентус и Тотенхем, но сигурно дека во центарот на вниманието ќе биде натпреварот кој се игра еден ден подоцна помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ. Нешто помалку возбудливи ќе бидат натпреварите помеѓу Базел – Манчестер Сити и Порто – Ливерпул. Лигата на Шампионите одамна не била повозбудлива, а изгледа дека немало повеќе фаворити за трофејот шампион на Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последниве две години доминираше Реал Мадрид кој ја брани титулата, но многумина веруваат дека „Кралевите“ ќе го препуштат тронот по долго време. Според обложувалниците прв фаворит е Барселона, која игра доста подобро за разлика од претходните две години, а тука се и ПСЖ и Манчестер Сити кои мелат се пред себе.
Еден од најдобрите играчи во светот, Лионел Меси за англиските медиуми изјави дека се уште е рано да се зборува за тоа кој ќе ја освои Лигата на Шампионите, но јасно е дека фаворитите секогаш се исти. Но, Меси посебно истакна два клуба.
„Манчестер Сити во моментов е еден од најсилните клубови во Европа, но тука е и ПСЖ. Исто така, не треба да го отпишеме и Реал Мадрид, без оглед на лошата форма. Го имаме и Баерн и сигурно ќе биде возбудливо до самиот крај. Сепак, мислам дека Сити и ПСЖ се пред Реал и Баерн“, изјави Меси.