Дома Останати Менито на Федерер: Тестенини, овошје со прелив – еве што јаде славниот тенисер

Менито на Федерер: Тестенини, овошје со прелив – еве што јаде славниот тенисер

Роџер Федерер е еден од најдобрите и најуспешни спортисти на сите времиња, а тајната на неговиот успех дури и на 37 години да биде во врвна форма и да се бори за врвот на тенисерската елита лежи во правилната исхрана и прехранбена дисциплина.

Федерер во својата кариера има освоено 20 Грен Слем титули, а обожава да јаде секојдневна храна, без некои посебни барања. Пред секој меч обожава да изеде порција тестенини со лесен сос.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Обожава италијански, јапонски и индиски ресторани. Во зима сакам да јадам фонди и раклет. Два часа пред секој меч јадам порција тестенини со лесен сос. И не го правам тоа затоа што сум дел од некаква кампања за тестенини. Оваа рутина ја имам 20 години наназад“, открива швајцарскиот тенисер дел од своето секојдневно мени.

На почетокот од денот, покрај задолжителните цеден сок од портокал и шолја кафе, јаде и чинија житарки и овошје со прелив од јогурт. Некогаш, како што открива, за доручек јаде и вафли со џем или мед.

За ручек најчесто јаде тестенини, а меѓу оброците пред и после тренингот консумира протеински плочки и банани. Кога не е во тренажен процес, со семејството најмногу сака да оди во квалитетни ресторани.

Швајцарецот открива дека го намалил консумирањето на животинско месо и млечни производи во однос на почетокот од кариерата, а додава и дека понекогаш во ограничени количества јаде слатки.

На првото место од АТР листата Федерер помина 308 недели и е единствен играч во историјата на тенисот кој толку долго време се задржал на челната позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…