Дома Фудбал Италија Мендеш: Роналдо ќе ја заврши кариерата во Јувентус!

Мендеш: Роналдо ќе ја заврши кариерата во Јувентус!

Супер-агентот Жорге Мендеш повторно е во центарот на вниманието откао го договори трансферот на неговиот најпознат клиент од Реал Мадрид во Јувентус.

Трансферот на Роналдо вчера и официјално беше потврден од страна на двата клуба, а денес Мендеш конечно се огласи на таа тема.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сакам да изразиме максимално задоволство поради трансфер на Кристијано и неговата одлука да му се придружи на Јувентус. Тој е многу среќен што ќе игра за еден од најголемите клубови во светот и веќе одлучи каде ќе живее, се работи за убав пентхаус во срцето на Торино“, изјави Мендеш.

„Најверојатно Јувентус ќе биде последниот клуб на Кристиано и таму ќе ја заврши својата неверојатна кариера. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Андреа Ањели за добрата соработка“, додаде Мендеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Скај Спортс“ објави кога ќе си замине Анчелоти од Реал Мадрид

Реал Мадрид загуби од Арсенал на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Откак…