Дома Останати Мекинро: Агаси може да му помогне на Новак, има брилјантен тениски ум!

Мекинро: Агаси може да му помогне на Новак, има брилјантен тениски ум!

Легендарниот Џон Мекинро во разговор за медиумите истакна дека малку го изненадило тоа што дошло до соработка помеѓу Новак Ѓоковиќ и Андре Агаси.

„Бев изненаден. Немав никакви информации дека Агаси ќе стане тренер. Сепак, тој има брилјантен тениски ум и го познавам многу добро за да кажам дека ја сака оваа игра и дека сериозно ќе ги припрема мечевите“, изјави Мекинро за „Ројтерс“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Американскиот тенисер истакна дека Агаси знае како да му помогне на Ѓоковиќ.

„Андре дожива ренесанса на почетокот до своите триесети години и потоа имаше доста успех. Кога Новак ја постигна целта и го освои Ролан Гарос почна да се соочува со прихолошки проблеми и проблеми надвор од теренот. Мислам дека Агаси може да му помогне да се врати на вистинскиот пат и полесно да се рестартира“, смета Мекинро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…