Дома Останати Тенис Медведев стигна го освои Синсинати и стигна до неговиот прв Мастерс во кариерата

Медведев стигна го освои Синсинати и стигна до неговиот прв Мастерс во кариерата

Данил Медведев е победник на Мастерсот во Синсинати откако со 2:0 (7:6, 6:4) го победи Давид Гофан после еден час и 39 минути игра.

Првиот сет беше одлучен после тај-брејк откако двата тенисери направија по еде брејк. Русинот тоа го направи во четвртиот, а Белгиецот во седмиот гејм Во т.н 13-ти гејм подобар беше Медведев со 7:3.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во вториот сет рускиот тенисер веднаш дојде до брејк и до крајот на мечот беше сигурен на свој сервис и така стигна до својот прв трофеј на турнирите од Мастерс серијата.

За Медведев за кого ова е најголем успех во неговата кариера претходно ги освојуваше турнирите од АТП серијата: Токио, Софија, Винстон Салем и Сиднеј.

На новата АТП листа Медведев ќе биде петти тенисер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Синер за само две недели ќе го прескокне Надал: Следен предизвик ќе му биде Ѓоковиќ!

Јаник Синер не игра над два месеца поради суспензија, ќе се врати на терен за три недели, …