Данил Медведев е вториот учесник на Завршниот мастерс во Лондон откако во полуфиналето го победи Рафаел Надал со 2:1 во сетови.
Шпанецот е тој кој прв дојде до водство. Клучниот брејк во првиот сет го направи во осмиот гејм кога поведе со 5:3. Во наредниот гејм беше сигурен на сервис и со 6:3 дојде до водство од 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На стартот од вториот сет Русинот прв прави брејк и доаѓа до водство од 2:0 во гејмови, но Надал врати со два брејка и при резултат 5:4 сервира за победа. Сепак, Медведев прави брејк и изедначување.
Вториот сет се реши со тај-брејк. Тука Медведев одигра одлично и го однесе натпреварот во трет сет.
Во одлучувачкиот сет без брејк до седмиот гејм кога Медведев го зема сервисот на Надал и поведе со 4:3. Русинот ги освоии наредните два гејма за 6:3 и голема победа.
Медведев во финалето е игра против Доминик Тим кој во другото полуфинале беше подобар од Новак Ѓоковиќ.