Дома Останати Тенис Медведев и официјално го симна Ѓоковиќ од врвот на АТП листата

Медведев и официјално го симна Ѓоковиќ од врвот на АТП листата

Од денес српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално е втор на АТП листата, откако Русинот Данил Медведев го презема првото место.

Ваквиот исход доаѓа најмногу поради тоа што Ѓоковиќ не можеше да игра на Австралија Опен, а потоа беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во серијата 500 во Дубаи. Медведев од друга страна стигна до полуфиналето во Акапулко, а таму беше елиминиран од Надал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На врвот на АТП во овој момент Данил Медведев има 8615 поени, го следи Ѓоковиќ со 8465. Треба да се спомене дека Ѓоковиќ од 14. март ќе се врати на првото место. На третото место е Зверев со 7515 бодови, Надал стигна до четвртото место со 6515 бодови.

Во топ 10 се уште Циципас, Беретини, Руд, Огер-Алиасим и Хуркач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…