Вчера „Франс Фудбал“ го објави списокот на номинирани фудбалери за најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, „Златната топка“.
Голем фаворит за оваа награда е напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Коефициентот дека Бензема ќе ја освои наградата е само околу 1.05, потоа следи Мбапе (15 коефиециент) и триото кое го водеше Ливерпул минатата сезона – Салах, Ван Дијк, Мане (20 коефициент).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе признава дека Бензема ја одигра сезоната на кариерата и нема дилеми дека тој треба да ја добие оваа награда.
„Карим има 34 години и ја одигра сезоната на кариерата, ја освои Лигата на шампионите и одлучи важни натпревари. Ако сум на негово место и сега не ја освојам оваа награда понатаму тој избор нема да ме интересира“, изјави Мбапе.