На младиот напаѓач од редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе, не му е јасно зошто никој не го вбројува помеѓу фаворитите во Лигата на шампионите клубот кој во последните три години играше две финалиња во најелитното европско натпреварување.
Новото засилување на ПСЖ од 180 милиони евра секако мислеше на италијанскиот гигант Јувентус.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Навистина е чудно, секогаш зборуваме за Барса, Реал и Баерн како главни фаворити. Јуве играше две финалиња во последните три години и да играте против нив е навистина тешко. Морате да бидете соврешени за да славите над таков тим. Минатата година тоа му успеа само на Реал Мадрид“.
„Постигнување гол против Буфон? Тој е страшен, за фудбалерите како мене, кој што туку ја почнуваат својата кариера, играњето против такви легенди претставува остварување на сонот. Навистина, јас го совладав минатата сезона, но и ми одбрани многу удари. Се мачев во двете натпревари против него и на крајот бев елиминиран. Се надевам дека и оваа година ќе играме еден против друг“, изјави Мбапе.
Потоа новата ѕвезда на ПСЖ ги откри италијанските играчи кои навистина ги почитува.
„Постојат италијански фудбалери кои навистина ги почитувам. Тука се Верати, Буфон, Бонучи, Инсиње, Дибала...“, зборуваше Мбапе.
Мбапе вечерва го очекува првиот настап за ПСЖ во Лигата на шампионите против шкотски Селтик