Дома Топ вести Мбапе дефинитивно не оди во Саудиска Арабија, одбил било какви преговори

Мбапе дефинитивно не оди во Саудиска Арабија, одбил било какви преговори

Килијан Мбапе е главна тема во сите медиуми откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот и ПСЖ го стави на трансфер пазар.

ПСЖ сака по секоја цена да се ослободи од него ова лето бидејќи не сака да го загуби следното лето без обештетување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Претставниците на Ал Хилал од Саудиска Арабија денес допатуваа во Париз лично да го убедуваат Французинот да ја прифати нивната понуда вредна скоро 1 милијарда евра.

Мбапе не сака ни да ја слушне понудата, па одбил било каква средба со Ал Хилал и со тоа јасно им ставил до знаење дека нема шанси да се пресели во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…