Во медиумите веќе на големо се пишува дека Џејдон Санчо после три години ќе ја напушти Борусија Дортмунд и ќе му се придружи на Манчестер Јунајтед.
Санчо е дете на Манчестер Сити, но откако не доби шанса во првиот тим одлучи летото 2017 година да премине во Дортмунд. Германскиот клуб за него плати осум милиони фунти и тоа се покажа како полн погодок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите тврдеа дека работата со Санчо е договорена и дека се чека само официјална потврда на овој трансфер. „Црвените ѓаволи“ за него би требало да платат околу 100 милиони евра.
Овој трансфер ќе биде само уште еден показател за тоа какви мајстори се во Дортмунд кога во прашање е зарабоктата од трансфери.
Слична работа во Борусија направија со Дембеле, Обамејанг, Пулишиќ и Микхтаријан. Овие играчи тие ги доведоа за 62 милиони евра, а на крајот ги продадоа за 420 милиони евра. Тоа значи дека од нив „милионерите“ профитирале дури 358 милиони евра.