Дома Фудбал Останато Мајката на фудбалерот на Ливерпул, му наредила на Клоп да игра на „Боксинг деј“!

Мајката на фудбалерот на Ливерпул, му наредила на Клоп да игра на „Боксинг деј“!

Интересна ситуација имал Јирген Клоп пред натпреварот на неговиот тим против Свонси.

Имено, Германецот после победата од 5:0 призна дека Трент Александар-Арнолд бил во првите 11 бидејќи тоа го побарала мајката на фудбалерот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Неговата мајка дојде во нашата канцеларија минатата недела и ни кажа дека доаѓа целото семејство од САД. Па ја прашав дали тоа е наредба тој да биде во првите 11, таа одговори да“, изјави Клоп.

Александар-Арнолд одговори на најдобар можен начин, со првиот погодокот во кариерата пред Клоп.

„Навистина сме среќни пред него. Ова е одлична приказна. За него првото полувреме не беше баш најдобро, како и за остатокот од тимот, но затоа второто полувреме беше одлично. Навистина напредува во последните недели и месеци, тоа е навистина важно за нас“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…