Дома Фудбал Останато Мајката на Рабио: ПСЖ го држи мојот син како заложник!

Мајката на Рабио: ПСЖ го држи мојот син како заложник!

Majката и агент на Адриен Рабио, Вероника Рабио зборуваше за ситуацијата на нејзиниот син во Пари Сен Жермен ги спореди со затвореник.

Откако Рабио одби да го продолжи договорот со ПСЖ не игра натпреварите, а доби и забрана за тренирање со првиот тим на „светците“ и јасно е дека на лето ќе ја промени средината.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


23 годишниот Рабио не играл за францускиот тим од 11-ти декември и се поврзува со трансфер во повеќе европски клубови. Барселона беше главен фаворит, но откако Барселона го обезбеди Френки Де Јонг нивниот интерес како да се намали.

На Рабио единствено што му преостанува до истекот на договорот е да чека со месеци додека не стане слободен играч. Неговата мајка сега јавно зборуваше за ситуацијата.

„Не сакам да плачам поради тоа или уште повеќе да го ослабам Адриен кој воопшто не ја сака оваа ситуација. Тука се удира на човечката страна. Ние сме скромни. Но можам да ви кажам дека мојот син се чуствува многу лошо поради се што се случува“.

„Адриен е како затвореник! ПСЖ го држи како заложник. Ова опкружување е навистина сурово“, изјави мајката на Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…