Дома Фудбал Останато Мајката на Мбапе во 2012 година: Земете го сега или за пет години ќе треба да платите 50 милиони евра!

Мајката на Мбапе во 2012 година: Земете го сега или за пет години ќе треба да платите 50 милиони евра!

mbappe

Скаутската служба на Челзи може да се пофали дека била прва што го открила Килијан Мбапе во 2012 година кога тој имал само 13 години и доминирал во натпреварите со неговите врсници играјќи за Бонди, мал клуб од предградието на Париз.

Скаутска служба може да се пофали, но не може тоа да се каже за управата на „сините“ кои одбила да потпише договор со денешната супер ѕвезда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серж Даниел Бог кој тогаш бил шеф на скаут службата го забележал брзоногиот и талентиран Килијан и Челзи можел да го доведе бесплатно.

„Челзи беше првиот клуб кој го доведе на проба. Мојот пријател Денис Чантрон работеше за „Најк“ и му раскажав се околу Мбапе“, расакажа Серж.

После пробата, Челзи не бил убеден дека Мбапе е доволно добар за нивната школа. Го повикале повторно на проба после неколку години, но тогаш се вмешала неговата мајка.

„Се сеќавам што ни кажа тој ден. Зборуваше француски, а јас преведував. Ни кажа: Слушајте, моето момче нема да се врати тука. Ако го сакате земете го веднаш сега или пак за пет години ќе треба да платите 50 милиони евра, колку што ќе вреди“, ги открива Серж зборовите на мајката на фудбалерот, Фајза Макари.

Очигледно, мајката знаела каков бисер поседува во своите раце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карагер за изјавата на Салах: Разочаран сум од Мо, тој е себичен

Навивачите на Ливерпул беа загрижени поради изјавата на Мохамед Салах, кој рече дека во ов…