Дома Останати Кошарка НБА Мајами после шест години ќе игра во финалето на НБА! ?

Мајами после шест години ќе игра во финалето на НБА! ?

Мајами Хит после шест години се најде во финалето на НБА лигата откако во шестиот натпревар од финалето на Истокот го победија Бостон Селтикс со 125:113 за 4:2 во серијата.

Хит водеше во погoлем дел од мечот, но Селтикси успеаа да стигнат до пресврт на почетокот на последната четвртина, а во еден момент отидоа и на +6. Сепак, во клучните моменти екипата од Флорида успеа да направи серија и да дојде до +14. Со таа серија беше се готово за конечни 125:113.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Одличниот Бем Адебајо одигра уште еден фантастичен меч со 32 поени, покрај тоа додаде 14 скока и пет асистенции. Кај Селтикси Браун постигна 26 поени, додека Тејтум додаде 24.

Хит во финалето ќе игра против Лејкерси првиот натпревар на распоред е ноќта помеѓу среда и четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…