Дома Фудбал Останато Маурицио Сари е изборот на Челзи! Позната понудата – стратегот сака и тројца играчи на Наполи!

Маурицио Сари е изборот на Челзи! Позната понудата – стратегот сака и тројца играчи на Наполи!

Како што пишуваат медиумите се чека само Роман Абрамович да потврди и Антонио Конте да ги спакува куферите. На Островот во секој момент се чека вест дека Антонио Конте заминува, за негов наследник е избран – Маурицио Сари!

Се наведува дека сега веќе поранешниот тренер на Наполи добил предност во однос на Луис Енрике и Славиша Јокановиќ. Информациите се дека Сари во текот на вчерашниот ден имал преговори од седум часа со застапниците на англискиот клуб и понудата е конкретна – 5 милиони евра по сезона!

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наводно, Челзи е спремен и Наполи да му плати оштета од осум милиони евра, иако Сари повеќе не е тренер на Наполи.

Покрај тоа се истакнува и дека Сари сака со себе во Лондон да ги земе Раул Албиол, Елсеид Хисај и Пјотр Зјелински. Сите тројца во своите договори имаат откупни клазули кои Англичните можат да ги платат. Калид Кулибали ја нема и веројатно поради тоа е недостапен. Се шпекулира и дека Сари сака повторно да соработува со поранешниот напаѓач на Наполи, Гонзало Игуаин, но таков трансфер во овој момент не е рално да се очекува.

Единствен проблем во седнувањето на Сари на клупата на Челзи е – важечкиот договор на Конте. Италијанецот не сака да се откаже од своите пари. Изгледа на крајот Абрамович ќе мора му исплати 8 милиони евра за да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер договори засилување од Франција

Интер постигнал договор со Ленс за доведување на играчот од средниот ред Анди Диуф за 20+5…