Дома Фудбал Италија Матуиди пред само еден ден сними видео за коронавирусот

Матуиди пред само еден ден сними видео за коронавирусот

Од Јувентус вечерва потврдија дека нивниот втор заразен фудбалер е Французинот Блез Матуиди.

Матуиди е вториот играч на италијанскиот шампион после Даниеле Ругани кој е заразен од овој вирус. Интересно е што Матуиди пред само еден ден сними порака од својот дом во која зборува за овој вирус.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„На почетокот не сфатив колку е опасна оваа болест, колку брзо се прошири во Италија. Илјада луѓе се позитивни на коронавирус во само неколку дена. Мораме да сфатиме дека оваа болест може да дојде до секого, до нашите семејства и затоа е важно да ги почитуваме правилата“, изјави Матуиди.

Во Италија од коронавирус починаа повеќе од 2000 луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Сантијаго Бернабеу“ денес е центарот на светот – се игра „Ел Класико“

Сите натпревари денес во Европа и светот паѓаат во втор план, кога ќе се сретнат Реал и Ба…