Дома Фудбал Германија Матеус: Баерн го сака Де Лихт? Нели клубот немаше пари?

Матеус: Баерн го сака Де Лихт? Нели клубот немаше пари?

Легендарниот Лотар Матеус често ги коментира случувањата во неговиот поранешен клуб Баерн Минхен, а сега на ред дојде интересот за стоперот на Јувентус, Матијас Де Лихт.

Матеус е изненаден што Баерн се поврзува со Де Лихт затоаш то од клубот во изминатиот период тврдеа дека мораат да ги намалат трошоците поради негативниот ефект од пандемијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мене ми е чудно од каде ќе најдат толкава сума, нели клубот немаше пари? Се зборуваше дека намалените приходи од тв правата се причина што не се најде договор за продолжување на соработката со Левандовски, а и ситуацијата со Гнабри не е јасна“.

„Одеднаш го купија Мане за 41 милион евр,а дојде и Лајнер кој сигурно е платен барем 20 милиони евра, сега се споменува Де Лихт кој би бил платен 70-80 милиони“, зачудено порача Матеус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кристијано Роналдо ја прекина серијата од 16 години

Португалскиот напаѓач не постигнал хет-трик повеќе од една и пол година. Четврти мај 2024.…