Дома Фудбал Останато Масовно се одложуваат натпревари во Западна Европа

Масовно се одложуваат натпревари во Западна Европа

Бундеслигашкиот клуб Келн официјално објави дека нивниот меч против Борусија Менхенгладбах нема да се игра поради неповолни временски услови.

Причина за одложување на средбата од германската Бундес лига е големото невреме кое го зафати тој дел од Европа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во Западна Европа напаѓа ураганот Сабине, има ветер од 100 км/ч, па не може да биде гарантирана безбедноста и масовно се одложуваат фудбалски натпревари.

Во Холандија веќе се одложени средбите од првата лига меѓу: Утрехт – Ајакс, Аз Алкмар – Феенорд, Спарта Ротердам – Ден Хаг и Емен – Твенте, а истото се случи и во Белгија па денеска нема да играат Стандард Лиеж – Бриж, Антверпен – Генк и Беверен – Кортријк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола: Не сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите

Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола пред првото коло од новата сезона на Лигата на ш…