Дома Фудбал Италија Марчело Липи за репрезентативната кариера на Буфон и неговиот трансфер во ПСЖ

Марчело Липи за репрезентативната кариера на Буфон и неговиот трансфер во ПСЖ

Џанлуиџи Буфон одлучи да брани уште две години и тоа во редовите на ПСЖ.

Пари Сен Жермен го доведе Буфон во своите редови, трансферот кој се очекуваше веќе подолго време беше официјализран пред неколку дена.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сигурно дека пред само една години никој не ни сонуваше дека вакво нешто може да стане реалност, очекувањата беа Буфон кариерата да ја заврши во Јувентус.

Такви очекувања имал и легендарниот стратег, Марчело Липи.

„Зборував со Буфон во последните 3-4 месеци. Секогаш му кажував тој сам да одлучи и да направи онака како што смета дека е правилно. Јас сакав тој својата кариера да ја заврши во Јувентус, но тоа е лична работа. Кога во прашање е репрезентацијата, мислам дека стави крај“, изјави Липи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Христов најави големи промени: Младински фудбал без корупција и притисоци!

Три месеци по неговото назначување за технички директор во ФФМ за развој на младинскиот фу…