Дома Фудбал Останато Марсеј – Феенорд: Во финале има место само за еден

Марсеј – Феенорд: Во финале има место само за еден

По драматичната ноќ во Холандија минатата недела, Марсеј и Феенорд ќе се пресметаат во реваншот од нивната полуфинална пресметка во Конференциската Лига.

Феенорд има предност од 3:2, но се соочува со тежок тест на патувањето во Франција. Сега Марсеј е фаворит за победа, откако беше рамноправен противник во Холандија.

Марсеј со два порази во низа


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во третото европско натпреварување Марсеј влезе како еден од фаворитите за трофејот по нивното излегување од групната фаза на Лига Европа. Марсеј помина низ раните нокаут рунди, победувајќи ги Карабаг и Базел за да стигне до четврт-финалето.

Грчкиот тим ПАОК потоа им застана на патот, а тимот на Хорхе Сампаоли продолжи да ја потврдува својата доминација, победувајќи со вкупни 3:1. Тоа им донесе предизвик во полуфиналето со Феенорд, а гостинската средба не започна добро за нив, бидејќи губеа со 2:0 по 20 минути, пред Бамба Диенг и Герсон да го израмнат резултатот во првото полувреме.

До крајот примија уште еден гол, но Марсеј не треба да биде премногу обесхрабрен во домашната средба, бидејќи заостанува само со еден гол.

Како и да е, поразот минатиот викенд од Лион со 3:0 може да даде поголема причина за загриженост, а второпласираната екипа во Лига 1 ќе се надева дека ќе го остави тој резултат зад себе и брзо ќе се врати во четврток.

Феенорд сака да го искористи моментумот

Благодарение на впечатливата форма оваа сезона на сите фронтови, холандската екипа откако ја помина групната фаза, ги елиминираше Партизан и Славија Прага.

Тие имаа неверојатен почеток на минатонеделната средба, но потоа попуштија. Сепак кога сите очекуваа дека Марсеј ќе дојде до целосен пресврт, Феенорд целосно се врати во игра и покажа голема психичка стабилност.

Екипата на Арне Слот потоа продолжи со градење на моментум викендот, постигнувајќи ја петтата последователна победа во сите натпреварувања и направи уште еден огромен чекор кон пласман на третата позиција во Ередивизие, победувајќи ја Фортуна Ситард со 1:3. Јасно е дека ќе имаат тешка задача во Франција, но ако одиграат како на првиот меч и го искористат победничкиот моментум во нивните редови, имаат голема можност да играат во големото финале.

Тимски новости: Марсеј

Сампаоли нема посериозни проблеми во својот тим, освен што сеуште не може да смета на повредените Балерди и Де Ла Фуенте, кои се веќе подолго време надвор од екипата. Јасно е дека Марсеј ќе игра поофанзивно, но формацијата останува стандардна за нив, 4-3-3:  Лопез; Лирола, Салиба, Калета-Цар, Колашинац; Герсон, Гуендузи, Камара; Паје, Бакамбу, Ундер.

Тимски новости: Феенорд

Освен голманот Џастин Билоу, во екипата на Феенорд сите други играчи се спремни за настап. Арне Слот минатиот викенд успеа да зачува дел од своите сили, откако ротираше со Фортуна Ситард, а сепак славеше победа. Можеби свежината е единствената предност за нив пред овој меч. Феенорд ќе игра во формација 4-2-3-1: Марчиано; Гертруида, Траунер, Сенеси, Маласија; Аурснес, Кокчу; Нелсон, Тил, Синистера; Десерс.

ТИП:

Марсеј – Феенорд – 1 @ 2.20 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…