Еден од седумте играчи кои ќе го напуштат црвено-црниот тим по крајот на оваа сезона е и српскиот пикер, Мијајло Марсениќ. Cвојата кариера ја продолжува во Бундес Лигата, од идната сезона ќе биде дел од Фуксе Берлин. За тоа како го оценува штотуку завшениот финален турнир во елитната лига и престојот во Скопје како член на Вардар тој вели:

Тесни два меча и два тесни порази. Минатиот Ф4 двата дуела  ги победивме со по еден гол на крајот бевме први, сега сме четврти, но тоа е спортот. Малку ми е жал како го одигравме првиот дел со Монпелје, другото беше како што треба. За престојот во Скопје имам само пофални зборови имам за сите, почнувајќи од македонскиот народ, навивачите, до луѓето во клубот, тренерите, соиграчите. Немам да издвојам нешто лошо. За мене беше едно преубаво искуство, секогаш ќе одам со драго срце во Македонија, стекнав многу пријатели. Би сакал да им се заблагодарам на сите што беа со нас во овие три години. Жал ми е што си одам, но тоа е животот и сакам да се пробам во Бундеслигата. Со Вардар освоив сè што можеше да се освои, ја имав поддршката од најдобрите навивачи додека бев во овој тим– вели Марсениќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РК Вардар потврди ново засилување и тоа од – Клоштад!

Вардар го освежи својот стручен тим со доаѓањето на нов асистент кој ќе му помага на Гиљер…