Дома Фудбал Италија Марота ги успокои фановите на Интер за „случајот Икарди“

Марота ги успокои фановите на Интер за „случајот Икарди“

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота ја коментираше победата од 6:2 против Беневенто во Купот, натпрвар кој се играше пред празни трибини поради казната на „нероаѕурите“.

Марота пред новинарите ја коментираше и ситуацијата со капитенот Мауро Икарди кој одбива да го продолжи договорот со Интер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Им кажав на фановите на Интер да бидат спокојни што се однесува до новиот договор со Икарди. Не треба да се зборува безпотребно. Такви нешто се нормални во фудбалот, особено кога договорите на играчите истекуваат“, истакна Марота.

„Не мислам дека ќе има проблем. И двете страни имаат желба да ја продолжат соработката и заедно да одат напред“, додаде директорот на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бомба од „Емирејтс“: Арсенал договори лични услови со ѕвездата на Челси

Топчиите ги договорија сите лични услови со ѕвездата на Челси и сега се подготвени да запо…