Дома Фудбал Италија Маркизио: Јувентус секогаш ќе биде мое семејство!

Маркизио: Јувентус секогаш ќе биде мое семејство!

Италијанскиот играч за врска, Клаудио Маркизио ова лето го напушти Јувентус, откако целата своја кариера ја помина меѓу „бјанконерите“.

Маркизио на големо изненадување минатиот месец спогодбено го раскина договорот со италијанскиот шампион, бидејќи не добиваше голема минутажа за игра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанецот пред два дена потпиша договор со руски Зенит, но вели дека секогаш ќе остане дел од „семејството Јувентус“.

„Јувентус секогаш бил моете семејство и ми помогна да го остварам сонот. Среќен сум што имав можност да играм за Јувентус и да освојам многу трофеи. Не знам дали ќе се вратам во Јуве еден ден, но имам специјален однос со клубот и фановите“, истакна Маркизио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Серхио Рамос може да се врати во Севиља, но не како фудбалер, туку – како сопственик!

Процесот на продажба на Севиља сеуште е далеку од својата завршница, а според шпанските ме…