Дома Фудбал Останато Марадона примен во болницата во Ла Плата

Марадона примен во болницата во Ла Плата

Легендарниот Диего Марадона изминатата вечер бил примен во болницата во Ла Плата.

Во овој момент нема конкретни информации поради што легендарниот Марадона е хоспитализиран во болницата. Марадона инаку изминатите неколку дена беше во центарот на вниманието по повод неговиот 60. роденден.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Медиумите шпекулираат дека не е во прашање коронавирусот и дека Диего има други проблеми.

Дека Марадона не е во најдобро здравје можеше да се види и во дуелот помеѓу Химназија и Патронато кога му беше приредено роденденско изненадување, а неговиот тим славеше со 3:0.

На овој дуел Марадона не можел да се движи сам и едвај ги поздравил фановите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден фудбалер постигна четири гола: Македонските млади фудбалери ја прегазија Црна Гора!

Македонската кадетска репрезентација до 16 години славеше уште една победа против Црна Гор…