Дома Фудбал Останато Марадона: Кога Германија не победи Меси плачеше под туш како мало дете

Марадона: Кога Германија не победи Меси плачеше под туш како мало дете

Во јавноста некогаш знае да се појават изјави на Марадона во кои фали Меси, а некогаш пак изјави во кои не му го признава она што го направил во кариерата. Марадона сега тврди дека тој си стои на првиот став и дека медиумите се обидуваат да го скараат со Меси.

Легендата на светскиот фудбал со големи пофалби зборуваше за асот на Барселона и порача дека никој нема да го скара со Меси.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Многу го сакам Лео и он ме сака мене. Никогаш нема да не скарате“, изјави Марадона, па потоа откри детал од Мундијалот во 2010 година кога тој беше селектор на Аргентина.

„Кога Германија не исфрли од Светското Првенство во Јужна Африка некои играчи, посбно еден од Ла Плата (Верон), веднаш се распрашуваа кога имаат лет за побрзо да си отидат дома. За разлика од нив Меси како мало дете плачеше под тушот. Никој не ми го раскажувал ова, сам видов се“, откри Марадона.

Зборуваше Марадона и како во Бока го довел Мартин Палермо, кој подоцна стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

„Мартин требаше да потпише за Ривер. Го повикав и му кажав да дојде кај нас. Тој ме послуша и на крајот стана легенда на Бока“, раскажа аргентинската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…