Дома Фудбал Репрезентации Манчини се пожали дека Италија нема напаѓачи, се јави Балотели

Манчини се пожали дека Италија нема напаѓачи, се јави Балотели

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, Марио Балотели (32) го критикуваше италијанскиот селектор, Роберто Манчини.

Стратегот на актуелните европски шампиони по домашниот пораз од Англија со 1:2 на стартот од квалификациите за ЕП 2024 во групата во која е и Македонија, изјави дека „Аѕурите“ имаат проблем со недостаток на напаѓачи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако се повреди Чиро Имобиле, Манчини остана со тројца класични напаѓачи (Скамака, Вилфред Гното и Матео Ретегуи). Поради таквата ситуација, италијанскиот селектор истакна дека во овој момент се соочуваат со недостаток на напаѓачи.

По таквата изјава на Манчини се јави, Марио Балотели.

„Во Италија има многу напаѓачи и тие се во форма, верувајте ми. Жалењето е чувство на оној кој не ја научил лекцијата“, изјави напаѓачот на Сион кој на 14 натпревари оваа сезона постигна пет голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…