Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивниот играч за врска на Лестер, Вилфред Ндиди, пренесуваат медиумите на Островот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Јунајтед сака да го засили средниот ред на лето, бидејќи Матиќ и Погба сигурно заминуваат.
„Црвените ѓаволи“ сакаат еден играч од средниот ред со дефанзивни карактеристики и поради тоа Ндиди ќе биде главна трансфер цел.




Ндиди се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Премиер лигата е мета на многу европски гиганти.
Манчестер Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе ги почнале преговорите со неговиот агент.